Ова се најбезбедните држави во кои шансите да доживеете земјотрес или друга природна катастрофа се најмали

Image: 540768967, License: Royalty-free, Restrictions: Contributor country restriction: Worldwide, Worldwide. Contributor usage restriction: Advertising and promotion, Consumer goods. Contributor media restriction: {09D3D1CB-C8AB-4DEB-9795-A7017060B55B}, {09D3D1CB-C8AB-4DEB-9795-A7017060B55B}., Model Release: no, Credit line: Ionel Sorin Furcoi / Alamy / Alamy / Profimedia

Што се однесува до Македонија, од 181 земја, рангирани сме на 104. место со 5,81 индексна вредност.

Поради разорните земјотреси кои годинава го тресеа тлото во Хрватска, многумина барем еднаш помислија дека би сакале да се преселат во земја без чести потреси. Но, експертите велат дека земјотрес може да се случи буквално насекаде. Шансите за чести потреси се најголеми во сеизмичките области како Јапонија, Филипини или Индија.

Но, дали знаете во која земја има најмалку шанси за земјотрес?

Одговорот е, во Катар. Оваа земја на Арапскиот полуостров, според годинешниот извештај WorldRiskIndex, се рангираше на првото место на списокот на најбезбедни земји во светот од природни катастрофи со индексна вредност од 0,31. Со други зборови, во Катар имате најмалку шанси да доживеете земјотрес, поплава, вулканска ерупција и други природни катастрофи.

Но, тоа не значи дека тие никогаш нема да доживеат земјотрес, Сеизмолошката служба во Доха, на пример, регистрираше земјотрес со јачина од 5,7 степени на 9 јуни годинава со епицентар во југозападен Иран, што се почувствува и во Катар.

WorldRiskIndex не само што ја анализира можноста за природни катастрофи во одредена земја, туку исто така вклучува и голем број социјални, политички и еколошки фактори. Покрај тоа, тој се фокусира на потенцијалната ранливост на населението и нивната способност да се прилагодат на новите настани како резултат на климатските промени.

WorldRiskIndex е дел од посеопфатниот извештај за безбедноста пресметан од Институтот за животна средина и човечка безбедност при Универзитетот на Обединетите нации со седиште во Токио. Годинашниот извештај вклучува 181 земја и ги анализира опасностите од земјотреси, вулкански ерупции, бури, поплави, суши и покачување на нивото на морето.

По Катар, најбезбедна земја во светот од природни катастрофи е Малта (0,66 индексна вредност), Свети Винсент и Гренадини (0,81 индексна вредност), Гренада (0,97) и Саудиска Арабија (1,04) Најнеизвесна земја според WorldRiskIndex за 2020 година е земјата во Океанија – Вануату со индексна вредност од 49,7.

Што се однесува до Македонија, од 181 земја, рангирани сме на 104. место со 5,81 индексна вредност.

Целата листа за сите држави во светот можете да ја погледнете ТУКА.


Извор: punkufer.dnevnik.hr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот