Ова се мајските индекси на прометот во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 111.7.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 %, Капитални производи за 19.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.5, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 112.9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 99.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 %, Капитални производи за 4.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %. Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, изнесува 100.5, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 101.1.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 115.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5 %, Капитални производи за 19.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19.2 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, изнесува 105.5, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 116.9.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот