6 C
Скопје

Ова се коментарите на еминентните германски медиуми за новата обемна биографија на Тито

Биографија за Јосип Броз Тито, која еминентната германска историчарка Мари-Жанин Калиќ, универзитетски професор на универзитетот Лудвиг-Максимилијан во Минхен и експерт за историјата на Југоисточна Европа, ја напиша на 442 страници предизвика нов огромен интерес во германските медиуми за лидерот на социјалистичка Југославија.

За книгата „Тито. Вечниот партизан“ (Tito. Der ewige Partisan) објавена од Ц.Х. Бек Верлаг оваа есен посебен интерес посветија и Дојче веле, Зидојче Цајтунг, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг како и многу други медиуми.

Авторката пишува дека Тито не бил демократски владетел, но не бил ниту диктатор како Хитлер и Сталин.

„Јосип Броз Тито беше вечен партизан – типичен производ на екстремните времиња во кои тој живеел, страдал, но и се обликувал. Во времето на неговата смрт, тој важеше за еден од најпознатите меѓународно почитувани државници. Денес, многумина го прогласуваат за брутален диктатор. Но, дали е тоа навистина точно?” наведува таа во описот на оваа биографијата.

Зидојче Цајтунг, Тито го опишува како митски ослободител, диктатор, човек кој му рече не на Сталин, човек кој држеше мултинационална држава заедно“. Се истакнува дека Калиќ го претставува Тито во контекст на неговото време и дека делото е напишано за широка публика, што има свои предности и недостатоци.

Прочитајте и...  Добиле наредби што не сакале да ги извршат: Тројца полицајци од Мјанмар по азил во Индија

Според Зидојче Цајтунг, не е изненадувачки што селанецот Тито беше воодушевен од Октомвриската револуција и комунистичките идеали бидејќи Хрватите во Хабсбуршката монархија главно „живееја во силна сиромаштија“.

„Тито во ова гледаше шанса за себе“, но исто така и за својата татковина, каде што сакаше „да изврши вистинска модернизација“. Подемот на Тито се засноваше на сталинистички методи, но резултираше со одржување и унапредување на луѓето во мултинационална држава, објави Зидојче Цајтунг.

И покрај тоа што во тестот на овој медиум се споменува затворот Голи Оток каде биле политичките противници на режимот на Тито се потенцира дека Тито бил единствениот што водел мултинационално движење во Југославија за време на Втората светска војна. Односно, тој се борел против воспоставувањето на Голема Србија, Голема Хрватска, Голема Албанија, но и против Германците. Зидојче Цајтунг цитира дека никој друг во Европа не успеа да се ослободи од нацистичката окупација скоро самостојно.

Прочитајте и...  Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште пет години

Победата во Втората светска војна е срцето на митот за Тито, но и начинот на кој тој владееше со социјалистичка Југославија. Тито е опишан како брутален во однос на национализмот истовремено давајќи им најголема слобода на граѓаните во споредба со останатите социјалистичките земји што резултирало со меѓународната репутација на Југославија. Од друга страна, последиците од владеењето на Тито во општеството, како и моќта на неговата диктатура, се игнорираат.

Сепак, според левичарски ориентираниот Зидојче Цајтунг на Тито треба да му се суди построго.

Најкритичниот текст кон Тито и новата биографија го објави балканскиот дописник Мајкл Мартенс за конзервативниот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Мартенс верува дека постоечките митови за Тито сè уште се „силни како челик“ и дека авторката Калиќ треба „да има поголемо растојание од насловниот лик на нејзината книга“. Тој посочува дека „Тито има харизма и можеше да најде следбеници“, но исто така и дека Југославија под негово водство, благодарение на контекстот на Студената војна, играше поважна улога во светот отколку што заслужува. Но, тоа е токму успехот и државотворноста на Тито, наведува Мартенс.

Прочитајте и...  Вежби во Кинеско Море: Кина покажа воен брод кој „гледа“ невидливи авиони

Дописникот, Тито го опишува како како „голем човек на своето време кој одел со тоа време“, но и како „диктатор“ кој сè до својата смрт управувал со репресивен апарат што брутално ги казнувал непријателите на режимот на Тито.

Франкфуртер Алгемајне Цајтунг наведува дека биографијата на Калиќ е подобра од онаа напишана од словенечкиот историчар Јоша Пирјавец која е објавена во Германија во 2016 година и дека долгиот и комплициран живот на Тито е подобро сумиран. Но, според Мартенс авторката зела премногу слобода на прозата во пишувањето. На авторката и припишува дека имала влијанија од 35 годишната медиумска идолизација на ликот на Тито па си допуштила да напише: „Во огнени ситуации да имаш челични нерви, тоа беше една од најголемите квалитети на Тито“.

Кога станува збор за државите на распадната социјалистичка Југославија, Мартенс верува дека повеќето од нив сè уште делат заеднички културен простор и дека тие претставуваат регион и „југосфера“ што повеќе не зависи од Тито.

Поврзани вести

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Слободен печат

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

Остави Коментар