Ова се единствените три песни од деведесеттите години со над милијарда прегледи на Јутјуб (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Противвоената химна „Zombie“ на бендот „The cranberries“ ја надмина границата од милијарда прегледи на Јутјуб, продолжувајќи да создава музичка историја.

Гласот на единствената Долорес О’Риордан, од антивоениот манифест во 1994 година, успеа да се искачи на второто место на музичкиот пантеон.

Така ова стана трето музичко видео од деведесеттите години и шесто на светската музичка сцена од целиот 20 век кој надмина милијарда прегледи.

Останати песни кои остварија десетцифрен бој на прегледи се „November rain“ од „Guns N’ Roses“ (1992) и „Smells like teen spirit“, хитот на „Nirvana “ од 1991 година.

„The cranberries“ се првите ирски музичари кои го постигнаа ова, а рекордот од милијарда прегледи е поставен на 18 април.

Од друга страна на второто место е една од најпознатите песни на Курт Кобејн и „Nirvana“, познатата нумера „Smells like teen spirit“, со која бендот стекна светска слава.

Песната е објавена во 1991 годна, како насловна нумера за албумот „Nevermind“, кој ја промени меинстрим музичката сцена буквално преку ноќ.

Песната истата секунда стана хит, а и денеска е химна за многу генерации.

„November rain“ е на третото место, а се работи за легендарна хит балада на „Guns N’ Roses“.

Песната се појави во далечната 1991 година на албумот „Use your illusion 1“, но пејачот Аксел Роуз на неа работеше речиси една деценија.

По излегувањето, ова видео набргу стана едно од најбараните на „MTV“ и за кратко време ја достигна цифрата од милијарда прегледи на Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот