Ова се државите кои почнаа со олеснување на мерките против КОВИД – 19

Иако Светската здравствена организација апелира дека се уште е рано за укинување на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, сепак дел од земјите во светот решија полека да почнат да се враќаат на нормалниот живот.

Данска: Премиерката на Данска, Мете Фредериксен изјави дека станува збор за претпазлива прва фаза. Првиот чекор е отварање градинки и училишта за деца до 11 години од 15 април. Владата на овој начин сака да ги ослободи родителите кои мора да работат од дома и да ги чуваат своите деца. Границите на Данска ќе останат затворени до 10 мај. Ограничувањата остануваат да важат за рестораните, кафулињата, баровите,театрите и други јавни простори. Собирите со повеќе од десет луѓе се уште се забранети, а големите собири се забранети до крај на август.

Австрија: Како и Данска, така и Австрија брзо реагираше на пандемијата и воведе строги мерки на почетокот.  Првите чекори кон враќање во нормала започнуваат од 14 април, кога ќе се отворат продавниците за алат, опрема за домот и градината под строги мерки, најави канцеларот Себастијан Курц. Сите продавници, трговски центри и фризерски салон се отвараат на први мај. Работниот процес за отварање на хотели, ресторани и барови ќе биде спремен до крај на април со цел да продолжат со работа од први мај. Ограничувањата за движење ќе бидат продолжени до крај на април, што значи дека луѓето смеат да ги напуштат домовите само од оправдани причини. Училиштата остануваат затворени до средина на мај, а јавните настани нема да смеат да се одржуваат до крај на јуни. Задолжително носење маски ќе се однесува на сите продавници и јавен превоз до 14 април.

Шпанија: Министерката за финансии, Мариа Монтеро истакна дека дел од ограничувањата би можеле да бидат укинати  по 26 април, кога истекува вонредната состојба. Монтеро изјави дека граѓаните на Шпанија постепено повторно ќе живеат нормално по овој датум, иако Владата ќе даде јасни упатства за однесување во јавни простори.

Чешка: Чесите од вторник ќе можат да играат голф или тенис. Продавниците, вклучувајќи ги и продавниците за хоби, уредување на домот,  работилница и градина, продавници за алат и продавниците со делови за велосипеди ќе бидат отворени од четврток. Истовремено, правилата за хигиена ќе бидат построги во малите продавници. Купувачите ќе мора да го почитуваат  минималното растојание од два метри, а на влезот во продавниците ќе мора да бидат поставени средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба. Чешката Влада исто така одлучи дека до 14 април ќе бидат дозволени неопходни патувања во другите земји, на пример за лекување или работа. Патувањата во други земји во моментов се строго забранети.

Литванија:  Литванскиот премиер, Саулиус Сквернелис изјави дека ограничувањата ќе важат за некои мали компании, кои ќе можат да продолжат со работа ако исполнуваат одредени услови, како што се ограничен влез на клиенити и зголемени хигиенски стандарди. Работниците ќе мора да носат заштитна опрема, а ако се изложени на висок ризик на зараза, може нема да им биде дозволено да работат. Конкретните промени ќе се дискутираат подоцна оваа недела. Истовремено Владата на Литванија ја разгледува можноста за двонеделно продолжување на карантинот, што е на сила до Велигден.

Норвешка:  Норвежаните во главно го следат примерот на Данска. Градинките ќе се отворат од 20 април, а училиштата за деца до 10 години од 27 април, изјави премиерката на Норвешка, Ерна Солберг. Но Осло планира да отиде чекор напред. Норвежаните од 20 април ќе можат да патуваат во своите викендици, тогаш на работа под одредени услови ќе се врата физиотерапевтите и психолозите. Фризерските салони и козметичарите ќе можат да почнат со работа една недела подоцна. Норвешка се надева дека сите ученици ќе се вратат во училишните клупи пред крајот на летото. Границите на Норвешка остануваат затворени, а граѓаните кои се враќаат во земјата ќе мора да поминат во 14 дневен карантин.

Иран: Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека ограничувањата ќе бидат олеснати во три фази под строги хигиенски услови. Од сабота почнуваат со работа ниско ризичните сектори. Во втората фаза, ова ќе се однесува за Техеран. Рохани не истакна кои од 49-те затворени економски сектори ќе можат да почнат со работа. Затворени ќе продолжат да бидат спортските објекти, салите за концерти, фризерските салони и светилишта. Петочните молитви и понатаму остануваат забранети. Во третата фаза мерките ќе бидат намалени и во овие области.

Кина: Во епицентарот на пандемијата, кинескиот град Вухан последните ограничувања ги укина вчера, повеќе од два ипол месеци по воведување на карантинот. Градскиот сообраќај се нормализира, а авионите повторно полетуваат од аеродромите. Градот можат да го напуштат патнички возила, како и возовите ако се патниците здрави, кои ќе можат да потврдат со зелен код на апликацијата за коронавирус воведена во целата земја. Секој кој бил во контакт со заразена личност има црвен код и не смее да патува. Превентивните мерки остануваат строги. На луѓето уште им се мери температура и носат маски, а училиштата и гр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот