Ова порано беше незамисливо: Како опозицијата планира да го СРУШИ ОРБАН во Будимпешта

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Гласачите во унгарската престолнина најчесто не се обожаватели на Виктор Орбан, но со години не успеваа да се ослободат од него и неговите сојузници.

Противниците на Орбан се надеваат дека оваа година конечно ќе успеат не само да го протераат унгарскиот премиер од Будимпешта, туку и да ја намалат неговата поддршка на национално ниво, а целото тоа би требало да се случи благодарение на тимска работа.

Унгарија се подготвува за локални избори во октомври, а иако националистичката политика на Орбан ужива голема поддршка ширум земјата, тоа никако не е случај во Будимпешта, каде неговата партија Фидес котира за околу 10 проценти помалку отколку во остатокот од државата.

Меѓутоа, критичарите на Орбан се толку долго поделени, што мнозинството на функционери од Будимпешта, како и тамошните градоначалник, или се членови на Фидес или се поддржани од страна на владејачката партија.

Поради ова опозицијата експериментира со нова опција – коалција на партии од целиот политички спектар кои ќе ги поддржат заедничките кандидати во борба против групата на Орбан.

– Многу сум оптимистичен. Ова пред неколку години беше незамисливо – вели Гергели Карашони, либерален кандидат за градоначалник кого го поддржаа пет други партии.

Социјалисти, зелени и три либерални партии моментално го поддржуваат 44-годишниот Карашони, додека десничарскиот Јобик нема да одреди противкандидат.

По повеќемесечни преговори со опозиционите групи, слично сценарио се случи и во неколку делови надвор од Будимпешта.

– На истата платформа се наоѓаат голем број на политички актери кои не се навикнати да работат заедно. Тие потекнуваат од различни политички култури и постојат идеолошки разлики кои мораат да се надминат. Но, ова е најобединетата позиција која ја имам видено – вели за „Политико“ Даниел Берг, член на одборот на либералната партија Моментум.

Како и на повеќето локални избори, трката воглавно ќе се води на полињата кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Во Будимпешта тоа значи дека фокусот ќе биде ставен на прашањата како што се порастот на цената на становите, лошиот квалитет на воздухот и проблемите во јавниот сообраќај.

– Како да убедам просечен гласач на Фидес да се сврти кон опозицијата? Тоа ќе го направам така што ќе му објаснам дека овие избори не се однесуваат на поделба на Фидес и опозиција, како и со потсетување дека Орбан презема поголем дел од фондот за развој на Будимпешта и го претвори во помала општина. Премиерот секогаш водел политика која не и оди во корист на унгарската престолнина – додава Карашони.

Опозицијата, покрај слабата излезност, ја загрижува и тоа што и покрај победата на Карашони, во градскиот совет доминирал Фидес, поради што ќе биде потребен посебен предизвик за да се „остави дамка“ на неговата поддршка надвор од границите на главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот