Ова овошје го намалува холестеролот и го зајакнува имунитетот

Овие прекрасни плодови содржат уникатни фитонутриенти, како и неохлорогенска и хлорогенска киселина, кои припаѓаат на семејството феноли.

Во Македонија сливите се високо достапни, а токму тие се наоѓаат на врвот на листата со најсилни антиоксиданси, барем кога станува збор за овошјето. Најздрави се кога се јадат свежи, но ни во сув или варен облик не губат многу на лековитоста.

Дури и сушени имаат два пати пвоеќе антиоксидативни својства од останатото суво овошје, па се препорачуваат во секојдневната исхрана. Експертите советуваат денот да се започне со комбинација од сецкани сливи, житарки, јогурт и мед.

Овие миризливи плодови содржат уникатни фитонитруенти, како и неохлорогенска и хлорогенска киселина, кои припаѓаат на семејството феноли. Сливите се богати со витамините Ц и Е, бетакаротен, калиум, магнезиум, фосфор, железо и диететски влакна кои помагаат при намалувањето на холестеролот во крвта и ја регулираат опстипацијата.

Ако имате дилема при купување, треба да знаете дека цврстите, со петелка и малку замаглена површина се најдобриот избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот