Ова нема никој да и го заборави: Погледнете што донираше Пенелопе Круз во борбата против коронавирусот! (ФОТО)
Шпанската актерка Пенелопе Круз и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем воодушевија со нивниот гест со кој помогнаа на многу болници во борбата против коронавирусот.
Имено, Пенелопе сподели фотографија со своите следбеници на Инстаграм, па ги извести сите дека таа и нејзиниот сопруг успале во својата намера да помогнат со купување средства за болниците во борбата против КОВИД – 19.
– По многуте денови кои ги поминавме за да најдеме начин да купиме и донираме медицинска опрема која во овој момент е потребна, Хавиер и јас конечно успеавме.
– Благодарение на логистичката компанија „Индитекс“, успеавме да купиме 100.000 нитрилни ракавици и 20.000 маски од типот ФФП2, кои пристигнаа во болницата Ла Паз во Мадрид. Дури и со потешкотии во набавката за основните работи за болницата, се надеваме дека наскоро ќе можеме да донираме и други материјали кои се толку неопходни за оваа криза. Се заблагодаруваме на сите анонимни херои кои го ризикуваа сопственото здравје за да не лечат нас. Благодара – напишала Пенелопе.