ОВА НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА АМЕРИКАНЦИТЕ: Русија воведува стелт сателити! (ВИДЕО)

Руската вселенска агенција тврди дека пронашла неконвенционален начин на опремување на своите сателити со невидливи обележја, што го отежнува нивното забележување од Земјата.

Тие велат дека посебната обвивка би можела да биде решение.

Роскосмос изумил врвна технологија која вклучува прекривање на сателит со уникатна обвивка со меурчиња воздух кои ја распрскуваат светлоста, пренесуваат руските медиуми.

Велат дека оваа метода ја намалува видливоста на сателитот за 10 или повеќе пати кога сателитот ја набљудува Земјата.

Агенцијата вели дека технологијата, која има двојна корист, може да се користи за криење на сателити кои патуваат од 10.000 до 20.000 км над земјината површина.

Русија, првата земја која испратила сателит во орбитата, неодамна ја претставила новата технологија која вклучува беспилотни летала. Само овој месец Роскосмос го претстави решението за растечкиот проблем со вселенските пукнатини, односно сателити кои ќе се самоуништат на крајот од својот век на траење.

Новиот тип на сателити би содржел материјали кои се сублимираат, што значи дека преоѓаат директно од цврста во гасовита состојба, без да станат течни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот