Ова не му се случило на Јунајтед од 2015 година (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Лестер ја оправда фаворитската улога против Виган, а екипата на Манчестер сити без поголеми проблеми го елиминираше Порт Вејл.

Вулверхемптон и Манчестер јунајтед одиграа без голови (0:0) и ќе мораат повторно да ги одмерат силите и се дознае патникот во следната фаза од ФА Купот.

Фудбалерите на Ротерам постигнаа еден прекрасен погодок, можеби најубав во историјата на ова натпреварување против тимот на Хал.

Денеска се случи еден разочарувачки статистички податок за клубот од „Олд Трафорд“ кој немаше ниту еден шут во рамките на голот на Вулверхемптон.

„Црвените ѓаволи“ последен пат без ниту еден удар во рамките на противничкиот гол во куп или лигашки меч одиграле во јануари 2015 година против Саутемптон во Премиер лигата.

Во другите две средби Лестер со автоголот на Пирс и погодокот на Барнс го елиминираше Виган, а Манчестер сити немаше проблеми против Порт Вејл (4:1).

„Граѓаните“ поведоа со голот на Зинченко, па нивно непријатно изненадување израмнија гостите преку Поуп во 35. минута.

Повторно водеа фудбалерите на Гвардиола непосредно пред паузата благодарение на Агуеро, а победата на домаќините ја потврдија Харвуд-Белис и Фоден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот