„Ова не може да пројде неказнето“: Лидерите на ЕУ утре ќе расправаат за пресретнувањето на авионот на Рајанер

Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Европскиот совет на утрешната седница ќе расправа за пресретнувањето на авионот на Рајанер над Белорусија и апсењето на белорускиот блогер и дисидент Роман Проташевич, како и за можните санкции против белорускиот режим заради овој потег без преседан.

Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, предложи денеска како противмерка блокада на белоруските авиони во воздушниот простор, како и санкции против режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Матеуш Моравјецки, полскиот премиер, побара од Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет да го прошири утрешниот состанок на лидерите на ЕУ и да се расправа за итни санкции против режимот на Лукашенко.

– Ова не може да пројде неказнето, напиша Моравјецки на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот