„Ова не е живот” вели Јанакиески, Стефанова тврди: „Сам си го уништуваш животот“

Денешното рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство познато како „Траекторија“ кое се одржа во скопскиот Кривичен суд е одложено бидејќи не дојде повиканиот вештак кој требаше да даде стручно мислење за направеното вештачење во предметот.

Судскиот совет одлучи следното рочиште да се одржи по летните одмори, на 3 септември.

На крајот од денешното рочиште обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова на обвинетиот екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му рече „Сам си го уништуваш животот“, на што тој одговори „Ова не е живот”.

Во „Траекторија“ им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинителниот акт тие во 2012 и 2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот