Ова не е пародија, ова се вистински протести против карантинот во САД (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

„Сите кашлајте во моето лице“,  ги повикуваше околу себе еден од протестантите кој призна дека никогаш не мие раце и јаде сурово месо.

Американците ширум земјата веќе некое време организираат протести против мерките за заштита од пандемијата од коронавирусот. Бараат нивниот град, сојузната држава или целите САД повторно да се „отворат“ и порачаа дека враќањето кон нормалниот живот и економијата им е поважен од ризикот дали тие и нивните блиски ќе се разболат или умрат.

Нивното барање веќе само по себе прилично е бизарно, но глетките од протестите се уште побизарни. Така можеше да се видат протестанти со американски знамиња и капи од предизборната кампања на претседателот Доналд Трамп како се навалуваат на вратата од гувернерската зграда во Охајо, со разлутени лица кои многу неодоливо потсетуваат на зомби филмови.

Во Колорадо можевме да видиме жена, која заедно со другите протестанти, го блокираше сообраќајот во својот камионет, под слоганто „Операција застој“. Но тогаш таа разбеснета му се пушти на медицинскиот брат кој и се испречи на патот. „Врати се во Кина ако сакаш комунизам“, му се дереше таа, сугерирајќи дека епидемиолошките мерки за заштита, всспоставнени во земјата во која во тој момент веќе имаше над 10.000 починати, се комунизам.

Од Аризона дојде впечатлива фотографија на медицинска сестра која исто така му го попречи патот на протестант во моторџиски елек, гледајќи го непоколебливо во очи и немрдајќи. Мерките чие укинување ги бараа демонстрантите, меѓудругото токму го штитат медицинскиот персонал во болниците кои во некои делови од САД се преплавени со секојдневен прилив на новозаразени.

Протестот во Калифорнија најбизарен досега

Е сега на ред дојде и Калифорнија – и не изневери со надреалните глетки. Стотици демонстранти се собраа на 20 април во Сакраменто пред државната зграда на конгресот. Во склоп на националата протестна иницијатива „Операција застој“ некои од нив кружеа околу конгресот со своите возила, додека други стоеја рамо до рамо, и покрај мерките за социјална дистанца, пред зградата.

Протестот го сними Ендрју Калахан, ЈуТјубер кој сам се опишува како независен репортер, а од нивниот ЈуТјуб канал може јасно да се види дека станува збор за видеорепортажа од бизарната страна на Америка. Снимил цела низа сцени, изјави и лица кои тешко можат да се прераскажат. Најдобро е да се погледнат.

„Продолжениот карантин ќе биде ропство“, му рече една жена.

„Слобода“, викаа двајца видно растроени демонстранти.

„Ве лажат за бројот на умрени“, констатираѓе една жена на протестот, држејќи транспарент со слична порака.

„Јас сум имунокомпромитиран. Ризикував денеска“

„Би ризикувал да добијам коронавирус отколку да ја затвориме оваа економија“, порача еден постар маж со препознатливиот акроним „MAGA” (“Make America Great Again”) на капата од претседателската кампања на Трамп.

„Ова е прохибиција и илегална е! Ова е против уставот! Јас сум имунокомпромитиран. Ризикував денеска“, откри еден видзно возбуден и задишан маж, со памучна заштитна маска која очигледно подолго време ниту ја менувал ниту ја перел. На прашањето од репортерот дали се плаши од смртта, ширејќи ги рацете, одговори: „Од неа се плашам повеќе од се друго“.

„Немаме граѓанско право да бидеме бесмртни“, заклучи еден посебно збунет маж.

„Сите кашлајте во моето лице“,  ги повикуваше околу себе еден од протестантите кој призна дека никогаш не мие раце и јаде сурово месо.

И покрај забраната, илјадници луѓе во последните неколку дена, со топлото и сончево време почнаа да се полнат плажите во Калифорнија.

Во САД инаку, до денес од ковид -19 починаа повеќе од 59 илјади луѓе, што е далеку најголем потврден број во целиот свет. Бројот на потврдените случаи надмина милион, но се смета дека вистинскиот број е многу поголем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот