Ова не е хумано, ќе ги „убиеме“ фудбалерите

epa09043630 Milan?s Theo Hernandez (L) and Milan's goalkeeper Gianluigi Donnarumma (R) in action against Roma?s Henrikh Mkhitaryan (C) during the Italian Serie A soccer match between AS Roma and AC Milan at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 28 February 2021. EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, е загрижен поради густиот распоред и предупредува дека ќе се зголемува бројот на повредени фудбалери поради нехуманите услови во кои се најдоа клубовите.

Рома сезонава игра по принципот „топло-ладно“, а главна причина се честите повреди на играчите поради кои Фонсека не може да го состави најдобриот тим.
Последен кој се повреди е Верето и ќе отсуствува еден месец.
– Многу тренери се согласуваат дека има премногу натпревари во една сезона. Погледнете што се случува со екипи какви што се Реал Мадрид и Ливерпул – изјави Пауло Фонсека.
Тој смета дека не е нормално играчите да имаат толку многу натпревари во една сезона и бара измени во календарот за наредната сезона.
– Не е хумано фудбалерите да имаат толку многу натпревари во една сезона. За почеток, треба да се намали брјот на меѓународни натпревари. Ова е навистина премногу – смета Фонсека.

Пред мартовските квалификации за пласман на СП 2022 година во Катар, репрезентациите се најдоа во големи проблеми бидејќи екипите не сакаат да ги пуштаат своите фудбалери да играат за националните селекции. Поради пандемијата на коронавирусот, ФИФА дозволи клубовите доколку сакаат да не дозволат фудбалерите да играат за репрезентациите.
Поради тоа, Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ) ги откажа мартовските квалификации за СП 2022 и тоа откако неколку менаџери од Премиер лигата им сугерираа на фудбалерите дека нема да им биде дозволено да ги напуштат екипите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот