„Ова не е хотел за терористи“: Турција депортираше хрватски државјанин

Полиција во Турција / Фото Архиа

Турските медиуми повикувајќи се на извештај од Министерството за внатрешни работи на Турција објавиле дека при депортација на терористи од странско потекло, бил депортиран и еден терорист од хрватско потекло, пишува Вечерњи лист.

Како што наведуваат медиумите, Министерството во соопштение изјавило дека операцијата на депортирање на странските терористи во нивните татковини, која почнала на 11 ноември минатата година, и понатаму продолжува.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу рекол дека Турција „не е хотел за терористите на ИСИЛ кои се државјани на други земји“.

Деталите околу депортацијата, како и идентитетот на хрватските државјани не ги објавиле ниту Министерството за внатрешни работи на Турција, ниту медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот