Ова можеби не сте го знаеле за Ѓоковиќ и неговите најголеми ривали! (ВИДЕО)

фото: твитер

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ против најголемите ривали Рафаел Надал и Рожер Федерер одиграл вкупно 105 мечеви во кариерата.

Новак Ѓоковиќ многу пати во кариерата ги победувал Рафаел Надал и Рожер Федерер, но дали знаете колку пати во кариерата на ист турнир успеал да ги совлада двајцата? Одговорот е пет!

Најдобриот тенисер на светот против најголемите ривали Рафаел Надал и Рожер Федерер одиграл вкупно 105 мечеви во кариерата.

Од 2007 година досега најдобриот тенисер на планетата, кој неодамна триумфираше на турнирот во Дубаи, најголемите ривали ги победувал на мастерсот во Канада, Надал, во полуфиналето (7:5, 6:3), а Федерер во финалето (7:6, 2:6, 7:6), а потоа играше во завршницата против истите ривали на мастерсот во Индијан Велс во 2011 година и ги доби во три сета.

Тогаш против Швајцарецот славеше во полуфиналето – 6:3, 3:6, 6:2, а против Шпанецот во финалето (4:6, 6:3, 6:2).

Истата година идентичен биланс оствари и на УС Опен – Федерер повторно пат во полуфиналето после голема борба – (6:7, 4:6, 6:3, 6:2, 7:5), а Надал во борбата за пехарот во четири сета – 6:2, 6:4, 6:7, 6:1.

Последните два скалпа на најголемите ривали ги имаше на завршните турнири во сезоните 2013 и 2015 година во Лондон.

Пред седум години во „02 Арената“, го надигра Федерер во група со резултат 6:4, 6:7, 6:2, а Рафа во финалето (6:3, 6:4), а две години подоцна се најдоа повторно на патот во последниет фази на турнирите на Топ 8 најдобри. Тогаш, беше подобар од Надал во полуфиналето (6:3, 6:3), а од Федерер во финалето (6:3, 6:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот