ОВА МОРА ДА БОЛИ: Швеѓанец ја ставил раката во базен со КРОКОДИЛОТ на Кастро и набргу останал БЕЗ НЕА

Крокодил
Крокодил/ Фото: Профимедиа

Крокодилот кој некогаш припаѓал на легендарниот кубански лидер Фидел Кастро гризнал еден Швеѓанец, на кој потоа му била ампутирана раката.

Ларс Лидегрен (79) на една приватна забава ја ставил раката во стаклениот базен со крокодилот во зоолошката градина на островот Дјургарден, во Стокхолм.

Крокодилот скокнал и го гризнал за раката, а го држел околу 10 секунди, јавуваат шведските медиуми. Лидергрен по нападот поминал три недели во болницата, а докторите морале да му ја ампутираат раката над лактот.

Реткиот кубански крокодил е еден од двата кои Кастро ги дал на руски космонаут во 1978 година, а од зоолошката градина во Москва биле пратени во Стокхолм во 1981 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот