Ова место го посетуваат повеќе од 10 милиони луѓе годишно: Сега е затворено на еден месец (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Популарното островско летувалиште на Тајланд, Пукет, ги затвори сите влезови и излези на копно и море до 30 април, со цел властите да се обидат да го ограничат ширењето на коронавирусот.

Гувернерот на Пукет рече дека од 10 април ќе биде забранет и воздушниот сообраќај на овој остров.

Пукет, инаку, привлекува многу странски туристи, чии планови за патување сега се попречени поради откажувањето на меѓународните летови.

Фото: Профимедиа

Тајланд минатата година забележа 39 милиони меѓународни пристигнувања.

Пукет е топ дестинација за туристи, која годишно ја посетуваат повеќе од 10 милиони посетители, вклучувајќи ги и Тајланѓаните.

Забраната за патување на копно, која стапи на сила денеска, не се однесува за возилата на итната помош, ниту за оние за за превоз на храна и основни средства, како ниту за возилата кои доставуваат весници.

На бродовите им е забранет влез и излез од меѓународното пристаниште Пукет, освен за товарните бродови кои можат да го растовараат товарот, но не е дозволено членовите на персоналот да влезат во островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот