„Ова лудило мора да престане“: Д-р Никола Пановски тврди дека пациентите со ковид-19 се трујат со лекови повеќе од потребното

Никола Пановски фото архива на Слободен печат

Микробилогот проф. д-р. Никола Пановски реагира дека на пациентите со ковид-19 во Македонија им се препишуваат повеќе лекови отколку што треба, истакнувајќи дека „ниту здрав атлета не би  ја издржал таквата терапија“.

Без да го открие името на пациентот, Пановски на неговиот фејсбук-профил ја сподели терапијата што му е препишана од страна на лекарите, истакнувајќи дека лицето доаѓа од предел на Македонија каде смртноста од ковид-19 е трипати повисока од просекот во државата, а тврди и дека во тој предел тоа е стандардна терапија.

Пановски вели дека „ова лудило мора да престане“ и бара од министерстовто за здравство да го преведе протоколот за лекување на пациенти со ковид-19, приложувајќи го хрватскиот протокол како добар пример.

„По непроспиена ноќ и консултација со пет колеги, кои ги почитувам, а се активни во борбата против Ковид 19, и нивниот одговор 4:1, дека треба да објавам приказ на случај на пациент, не го знам, воден од интернист и него не го знам (резултатите се со избришани имиња и ЕМБГ, ги имаат петте колеги и Министерот Филипче, не би ги објавувал оригинално, сепак):

Пациентот е со ЦРП 1,5, леукоцити 3,5, и се друго е во нормала освен покачени д димери 850. РТГ – понагласена бронхијален цртеж долу десно.
Терапија: Панцеф, 10 дена, Сумамед 6 дена, Моксирал 10 дена, тоа од антибиотици, друго: ампули Nevaxon, Aminophyllinum, Novalgetol, Urbason, Famotidin, Clexan, се тоа да се прима два пати на ден, инфузија NaCl, и уште 3 суплементи во таблети.
Пациентот ги купил сите лекови за 7000 ден, за среќа налетал на мои совесни колеги кои го пратиле на друг интернист и избегнато е ” труење со медикаменти”. Се работи за регион во Македонија каде смртноста од Ковид е три пати повиска од просекот кај нас, а ова била стандардна терапија. Како стручен за антибиотици нагласувам: сумамед се пие 3 дена, никогаш не се комбинира со моксирал, спектарот им се преклопува, а инаку во случајов нема индикации за антибиотик, нема пневмонија. За другите лекови нема да коментирам, само не ги разбирам зошто се дадени освен клексанот.
Primum non nocere – пред се не прави штета.

Порака до МЗ, ЛКМ, МЛД, Ве молам под итно преведете протоколи за Ковид 19 и објавете ги!!! Хрватските се ок. Ова лудило мора да престане. Едуцираните и совеени матични лекари и оние од секундарното ниво на здр.заштита се под невиден притисок од пациентите да се приклучат кон ова лудило и епидемија од полипрагмазија. Штетата е огромна во секој поглед, па и во смисла на смртноста. Волку лекови одеднаш ни здрав атлета не би издржал.“, завршува Пановски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот