Ова лето туристите во Шпанија ќе минуваат ограничено време на плажите

Локалните власти ги обележуваат плажите пред повторното отворање за посетителите да ја задржат социјалната дистанца Фото/EPA-EFE/Sxenick

Ограничено време за да не се создаваат гужви.

Туристите можеби ќе имаат ограничено време за престој на плажите на Шпанија, пренесува „Сан“.

Регионалната влада во Коста дел Сол инсистира на туристите да им се ограничи престојот на плажите од 4 часа на ден, биз разлика дали наутро или попладне, со цел за да избегнат гужвите за време на летните одмори.

Делумен поглед на празната плажа Малвароса во Валенсија, источна Шпанија. Фото/EPA-EFE / JUAN CARLOS CARDENAS

Тие исто така препорачуваат туристите да се тушираат пред да го напуштат својот хотел или апартман и истот да го прават кога ќе враќаат од плажа.

Родителите на малите деца се предупредуваат да не оставаат кофички и лопати насекаде на плажата.

Овие препораки се објавени во државниот билтен кој го објави регионалната влада на Андалузија, покарина во Шпанија.

Двајца сурфери на плажата Маспаломас на островот Гран Канарија, Шпанија Фото/ EPA-EFE/QUIQUE CURBELO

Тие наведуваат дека луѓето ќе треба да се навикнат на тоа дека одењето на плажа ќе биде сосема различно од тоа што досега сме го практикувале.

Многу плажи во регионот се очекува да бидат отворени следниот понеделник, бидејќи сите треба да минат низ четворостепена програма за закрепнување од коронавирусот.

Девојка изведува јога вежби на плажата Барселонета во Барселона Фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Некои плажи предлагаат знаци на сончање и гранични области, за да се обезбеди физичката дистанца.

Луѓето кои сега патуваат во Шпанија се должни да се изолираат, но овие мерки за карантин ќе бидат укинати во текот на јуни.

Вонредната состојба, која е во сила од 14 март во Шпанија, сега е продолжена до 7 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот