Ова ќе биде најпопуларна фризура во 2020 година!  

Profimedia

Оваа фризура е специфична и по тоа што помрднувањето на патецот и стилизирањето на косата ќе дава се поразлични фризури, така што никогаш нема да ви биде здодевно. 

Повеќе години наназад „боб” е најносена и најпопуларна фризура. Дали поради интересниот облик, можности за промена и едноставноста на стилизирањето. Или затоа што речиси не постои жена, на која „боб” не ѝ прилега, стручњаците тврдат дека „боб” ќе биде најносената фризура и во 2020 година.

Како што веќе кажавме, се говори за фризура која им одговара на сите, а единствена разлика е во тоа која „боб” варијанта ќе ја одберете. Во однос на обликот на вашето лице и квалитетот на косата ќе бирате помеѓу рамно сечениот, степенестиот „боб“, како и должината која на вас ви прилега.

Оваа фризура е специфична и по тоа што помрднувањето на патецот и стилизирањето на косата ќе дава се поразлични фризури, така што никогаш нема да ви биде здодевно.

Минатата година ја одбележа популарната „боб” фризура – брановидна верзија на „боб” и „лоб”, подолга варијанта на „боб”, а најносена фризура за 2020 година ќе биде „поб”, односно скратеница од пони бобот.

“Пони боб” подразбира популарна „боб” фризура поточно нејзина варијанта со шишки. Станува збор за фризура која нас истовремено не подмладува, но и ни дава на нашиот лик доза на гламур, а меѓу првите ја носела пејачката Гвен Стефани.

Ако сте имале рамно сечен краток боб, пони боб е совршен начин да во својот лик внесете малку свежина и промена. Прамените од шишките кои слободно паѓаат преку челото даваат посебна магија на оваа фризура, а со тоа косата визуелно ќе добие и на волумен.

View this post on Instagram

Puffy jacket dresses for the fall anyone? @moncler

A post shared by Kat Graham (@katgraham) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот