ОВА ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМИОТ АЕРОДРОМ НА СВЕТОТ: Следната недела први пробни летови (ФОТО)

Фото: EPA, ROMAN PILIPEY

Следната недела ќе бидат извршени првите пробни летови на новиот меѓународен аеродром во Пекинг.

Ако се остварат прогнозите, „Beijing Daxing International Airport“ ќе биде најголемиот аеродром на светот!

Како што пренесуваат тамошните медиуми, четири писти од овој аеродром минатата недела поминале инспекциски контроли.

Две кинески авиокомпании ќе го користат овој аеродром како своја база, по неговото отворање.

Фото: EPA, ROMAN PILIPEY

Терминалот кој го дизајнирала Заха Хадид ќе зазема дури 700.000 метри квадратни и ќе биде поделен на дел за домашни и дел за меѓународни летови.

Површински, ова ќе биде најголемиот аеродром на светот. Се очекува официјално да се отвори на 30 септември.

Веќе во 2021 година, овој аеродром би требало да биде воздушно пристаниште кое ќе го користат 45 милиони патници, а до 2025 година, дури 72 милиони.

Фото: EPA, ROMAN PILIPEY

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот