Ова е земјата во која најмалку се работи, најмногу се ужива и се живее најдолго

Фото: pexels-kampus

Сите сонуваме за земја во која ќе работиме помалку, ќе заработуваме повеќе и ќе живееме подолго. Можеби ова место изгледа како земја на соништата, но официјалната статистика вели дека постои едно место на оваа наша планета каде што луѓето живеат добро и долго.

Параметрите земени предвид од истражувањето „Квалитет на живот“ (Quality of Life) на Универзитетот „Оксфорд“ при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои имаат непречен ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа кај испитаниците во секоја земја опфатена со истражувањето.

Врз основа на дадените критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор колку што се постари. Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Австрија и Данска, кои се на второ и трето место, на работниците им даваат минимум 25 дена платен одмор годишно.

Ова се 10 земји чии жители очигледно најмногу уживаат во животот:

– Луксембург

– Австрија

– Данска

– Норвешка

– Финска

– Шведска

– Франција

– Белорусија

– Холандија

– Швајцарија

Велика Британија е рангирана на 17-тото место благодарение на разумното просечно работно време од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од половина од испитаниците исто така изјавиле дека просечно спиеле 7,5 часа навечер, што е добар резултат. Интересно е што Соединетите Американски Држави се нашле на 87. место, меѓу другото и затоа што на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платени одмори, а дел од населението е незадоволно од квалитетот на сонот во текот на ноќта.

Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија се исклучително слабо рангирани, бидејќи во сите три земји во просек се работи по 46 часа неделно. Бидејќи работното време е значително подолго, би очекувале вработените да добијат повеќе слободно време. Но, тоа воопшто не е така, бидејќи во Кина добивате само пет дена годишен одмор, во Мексико шест, а во Малезија осум, пишува „Nova.rs“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот