Ова е замокот чии ѕидови ја кријат една од најтрагичните љубовни приказни опеани од Данте Алигиери

Instagram

Токму кога ќе помислите дека ги знаете сите познати места во Италија, ве очекува ново изненадување. Ве носиме во замокот чии ѕидови ја кријат една од најубавите и најтрагичните љубовни приказни што воедно ја опеа и самиот Данте Алигиери.

Градара е име на средовековен замок сместен во истоимената италијанска населба во близина на Сан Марино, во централниот дел на Италија.

Еден од најдобро зачуваните италијански замоци од периодот помеѓу 11 и 15 век се наоѓа на рид издигнат на висина од 140 метри, што значи дека од балконот на замокот ве чека прекрасен панорамски поглед. Заштитен со масивни ѕидови, од кои најдолгиот ѕид е долг дури 800 метри.

Кога ќе влезете во неговите лавиринти, премини и дворови, се чувствувате како да сте влегле во посебен град…

Овој замок е изграден од моќното семејство Де Грифо во 12 век, но со текот на времето го  надградувале и други сопственици. Се разбира, оваа убавина не можела да биде заобиколена од територијалните претензии, па неговата средовековна историја била обележана со многу неславни  борби на италијанските благородни семејства.

Трагична легенда

Историјата на овој замок, според преданијата, ја напишале Паоло и Франческа. Според легендата, приказната за вљубениот пар завршила со трагичен крај. Франческа имала сопруг кој, откривајќи ја нивната афера, го убил Паоло, а целиот настан го овековечил и самиот Данте Алигиери во неговата Боженствена комедија. Затоа замокот денес го носи прекарот „Замок на љубовта“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Pacheco (@claudiaviolonchelo)

Посетителите се воодушевени од волшебното средовековно село во подножјето на замокот. Не е ни чудо што овој замок е една од најпосетуваните дестинации во тој регион. Често е домаќин на концерти и ликовни изложби, а има и историски музеј –  навистина вреди да се посети еден ден кога ќе можеме да патуваме слободно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот