Ова е верност, потпиша нов договор на девет години

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс покажа на дело што е верност кон својот клуб. Младиот 25-годишен фудбалер кој ова лето беше мета и на Манчестер јунајтед, потпиша нов, деветгодишен договор со Атлетик Билбао.

– Среќен сум, а воедно и ми претставува чест што ќе продолжам да настапувам за клубот кој ми даде сè. Секогаш зборувам дека сум задоволен во Билбао, доказ е новиот деветгодишен договор и ќе дадам се од себе со голови да му се оддолжам на клубот.

Напаѓачот минатата сезона одигра одлично и на 38 натпревари постигна 13 голови и имаше четири асистенции.

Со новиот договор откупната клаузула изнесува 135 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот