ОВА Е ТАТКОТО МОНСТРУМ КОЈ 9 ГОДИНИ ГИ ЧУВАЛ ДЕЦАТА ВО ПОДРУМ: Сакал да се слика на Фејсбук и да зборува за доброто и злото (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

ОВА Е ТАТКОТО МОНСТРУМ КОЈ 9 ГОДИНИ ГИ ЧУВАЛ ДЕЦАТА ВО ПОДРУМ: Сакал да се слика на Фејсбук и да зборува за доброто и злото (ВИДЕО)

Тој го користел псевдонимот Џон Иглс, а често објавувал слики од природа и цвеќиња, но и свои фотографии како вежба.

Холанѓанецот Герит Ван Дорстен (67), таткото кој е осомничен дека своите пет деца цели девет години ги чувал заробени во подрум на фарма, на Фејсбук објавил фотографии и снимки и зборувал за борбата меѓу доброто и злото.

Тој го користел псевдонимот Џон Иглс, а често објавувал слики од природа и цвеќиња, но и свои фотографии како вежба.

Така на една снимка се гледа како „весла“ на машина која сам ја направил.

Ван Дорстен бил член на култот Муни култ, познат како „црква на обединувањето“, а децата со години ги чувал во подрум без никаков контакт со надворешниот свет.

Пред него бил уапсен Австриецот Џозеф Брунер (58), кој живеел во таа куќа под слични обвиненија.

Семејството Ван Дорстен било најдено откако најстариот син Јан Зон ван Дорстен (25) неодамна отишол до околниот бар, каде по пет испиени пива ја раскажал својата несекојдневна трагична судбина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close