1 C
Скопје

Ова е сериозно, што ако Тајсон почине во рингот

Враќањето на поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, во рингот и тоа на 53-годишна возраст е тема број еден во боксот. „Железниот“ Мајк веќе интензивно се подготвува за враќањето во рингот, и веќе објави неколку видеа на кои се гледа дека сè уште имa „топ“ во раката.

Како можен противник во ревијалниот бокс меч се споменува уште еден поранешен шампион, 57-годишниот Ивандер Холифилд, кој исто така интензивно се подготвува за своето враќање.

Но, пред неколку дена, актуелниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури им откри на новинарите дека и тој добил понуда да боксува против поранешниот шампион.

Прочитајте и...  СП Египет: Франција е силна и без Карабатиќ

И додека целиот свет со нетрпение го очекува враќањето во рингот на Тајсон, британскиот боксер, Дилиан Вајт има поинакво мислење и е голем противник на евентуалниот меч против Фјури.

– Тоа е ненормално луда работа. Мајк Тајсон може да загине во рингот. Се зборува за борба помеѓу 31-годишен актуелен боксер и 53-годишен пензионер, и тоа според мене нема никаков смисол и не треба луѓето да се радуваат на овој дуел. Што би се случило доколку Мајк почине во рингот? Веќе го извалкавме овој спорт и тоа не ни треба. Во ред е да се гледа некое видео на Инстаграм, но кам-бек и борба од 12 рунди – е тоа е далеку поразлично – вели Вајт.

Прочитајте и...  „Топчиите“ без муниција против Кристал Палас

Поврзани вести

Комити: Веруваме дека постои волја да се реши судбината на Вардар 

Слободен печат

Почнаа проблемите за наследниците, Марадона имал милионски долгови?

Слободен печат

Одложени претседателските избори во Барселона

Слободен печат

Крај за момчето од Ливерпул кое стана легенда на Манчестер јунајтед, Вејн Руни ја заврши кариерата

Слободен печат

ФОТО: Како изгледа карантинот на Ѓоковиќ за 1.800 евра

Слободен печат

ПСЖ бара помош од држвата за плати за вработените, а на Покетино му дава осум милиони евра годишно

Слободен печат

Остави Коментар