Ова е рекорд во рангот на Болт, како манијак го сонував златниот медал

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Норвежанецот Карстен Вархолм го освои златниот медал на 400 метри со пречки на Олимписките игри во Токио, притоа соборувајќи го светскиот рекорд.
Новото најдобро време во оваа дисциплина изнесува 45.94 секунди, а интересно е што Вархолм по втор пат за 30-тина денови го соборува светскиот рекорд.

Но, овој пат на Игрите во Токио, Вархолм стана првиот атлетичар кој оваа делница ја истрчал под 46 секунди и аналитичарите сметаат дека неговиот рекорд може да се спореди со светските рекорди на 100 метри на Усаин Болт (9.58 секунди) во машка и на Флоренс Грифит Џојнер (10.49 секунди) во женска конкуренција.

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

– Ова е лудо, ова е најголемиот момент во мојот живот. Дефинира се, посебно сите оние часови кои ги вложив, се што работевме со мојот тренер. Морам да кажам дека го сонував ова како манијак. Цела ноќ сонував вакво нешто, постојано мислев на ова. Сега нема да спијам, илјадници часови поминав мислејќи на ова – вели Вархолм кој смета дека да се освои златниот медал на Олимписки игри и притоа да се собори светскиот рекорд е неверојатно чувство.

– Имав посебно чувство во градите, го знаете тоа кога сте нервозни. Тоа е чувство кое го имав уште како дете од шест години. Како што стареев не ми се појавуваше ова чувство, се до вчера.

Според Вархолм, финалната трка на 400 метри со пречки беше фантастична.
– Не допрев ниту една пречка. Најдов дополнителна сила пред финишот. Ова е голема работа, ова е историја. Оа злато беше единствената работа која ми недостасуваше во колекцијата. Имам злато од ЕП, од СП, имам светски и европски рекорд, но највеќе се зборува за олимпискиот златен медал. Знаев дека ова ќе биде мојата најтешка трка, но бев подготвен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот