Ова е првиот тетовиран автомобил во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Славејќи ја фината изработка и традиционалната јапонска уметност, „Лексус“ го нарача првиот тетовиран автомобил во светот. Единствената интерпретација на компактниот СУВ УХ го дизајнирала и креирала водечката лондонска уметница за тетовирање, Клаудија де Сабе, објави „Лексус“ на својот сајт.

newsroom.lexus.eu

Користејќи чисто бел автомобил како свое „платно“ и „Дремел“ дупчалка наместо фина игла за тетовирање, Клаудија направила прекрасна слика на јапонско кои, ишарана на целото возило.

newsroom.lexus.eu

Кои е мотив познат од традиционалната јапонска уметност и симбол на добра среќа и упорност.

newsroom.lexus.eu

Клаудија ја отстранила површинската боја и го обработила металот одоздола, а потоа со рака нанела пет литри висококвалитетна автомобилска боја за да ги обои деталите.

newsroom.lexus.eu

На крај, коростела листови злато за да ги истакне деталите и му дала на дизајнот 3Д ефект, пред целото возило да добие заштитен лак, за да може да учествува во сообраќајот.

newsroom.lexus.eu

Процесот траел шест месеци од првобитниот цртеж, а „тетовирањето“ е направено во тек на пет осумчасовни интензивни сесии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот