Ова е првата земја која забрани пестициди поради уништување на пчелите

фото: Flickr.com

Првата држава која ги забранува сите пет пестициди кои се смета дека се виновни за уништување на пчелите е Франција. Со тоа таа станува пример во глобалните напори за спасување на пчелите и спречување на тнр. “еколошки Армагедон”.

Земјата ги забрани сите 5 неоникотиноид пестициди за кои истражувачите укажаа дека ги уништуваат пчелните популации.

Овој потег уследи откако Европската унија забрани употреба на трите најопасни пестициди – клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам, при пшроизводнсто на земјодеслки култури, почнувајќи од минатиот месец.

Франција на листата на забранети освен овие три, ги додаде и тиаклоприд и ацетамипид, а забраната важи не само за употреба на отворено, туку и во оранжериите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот