Ова е причина зашто ја сакаме кошарката, 40-годишен дедо го запре Адетокумпо

Репрезентацијата на Бразил приреди изненадување со победата од 79:78 над фаворизираната Грција во второто коло на Светското првенство во Кина.
Очекувано, селекторот на Бразил, Александар Петровиќ, беше презадоволен од победата иако неговите кошаркари играа против најдобриот играч во НБА лигата, Јанис Адетокумпо. „Кариоките“ најдоа начин да го запрат Адетокумпо на само 13 поени.

– Овој натпревар е причина зашто сите ја сакаме кошарката. Имаме 23-годишен играч кој е МВП на НБА лигата и кој го запре него? Тоа беше 40-годишен „дедо“ (Алекс Гарсија) кој го надигра – изјави Петровиќ.

Петровиќ откри дека уште пред половина година знаел како да го запре Јанис Адетокумпо и затоа на денешниот натпревар стравуваше од двоецот Слукас – Принтезис.

– Покажавме дека имаме неколку кошаркари кои можат да го запрат Адетокумпо. Но, пред натпреварот повеќе се грижев како ќе одиграат Слукас и Принтезис. Додека се подготвувавме за овој дуел, постојано ме прашуваа како ќе го запреме Јанис, а јас уште пред шест месеци, од дуелот помеѓу Торонто и Милвоки го пронајдов решението – додаде Петровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот