7 C
Скопје

Ова е препорачаната количина на црвено месо што можете да ја консумирате во еден ден

Ниту една намирница не предизвикала толкупати дебата во медицината и кулинарството колку црвеното месо – колку смееме да го јадеме, за што е добро, а за што е лошо, дали претераното консумирање може негативно да влијае на здравјето на срцето – се само некои од најчесто поставуваните прашања, а во овој текст експертите ги донесуваат одговорите.

Прво треба да се разјасни што спаѓа под црвено месо.

Стивен Копецки, кардиолог на клиниката „Мејо“, вели дека постојат неколку вида – говедско, телешко, јагнешко, дивеч и козјо месо. Свинското месо според нутритивниот состав е црвено месо, но во кулинарството често спаѓа под бело.
Копецки вели дека овие видови спаѓаат во три категории: мелено месо, преработено месо и последната категорија е парче месо во „природна“ форма како стек. Не е обработено, нема никакви додатоци. Ако веќе јадете црвено месо, изберете го во овој облик.

Прочитајте и...  Доаѓа новиот трилер „Hitman's Wife Bodyguard“ со Рајан Рејнолдс, Селма Хајек и Семјуел Л. Џексон

Зошто црвеното месо воопшто се смета за лошо?

Соединенијата што се наоѓаат во црвеното месо предизвикуваат воспаление и иритација на ткивото на нашето телесно ткиво. Тоа е мала иритација, но со текот на годините „се таложи“ и доведува до различни проблеми, објаснил Копецки, додавајќи дека може да ја оштети слузницата на артериите.

А, тоа, пак, доведува до атеросклероза, срцев и мозочен удар. Може да дојде и до Алцхајмерова болест.

Нутриционистите истакнуваат дека ова не се единствените лоши страни на црвеното месо. Ако го јадете секој ден, го зголемувате ризикот да формирате соединение – триметиламин Н- оксид – кој е поврзан со срцевите болести. Со тоа се согласуваат и кардиолозите.

Преработеното месо е поврзано со срцеви заболувања, рак и дијабетес. Луѓето кои ретко консумираат црвено месо имаат помала веројатност да ги развијат овие болести.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Вежбајте секој ден, 10 до 20 минути со Памела: За подобро расположение и витка фигура

Тогаш, колку црвено месо е дозволено да внесуваме за да останеме здрави?

Сè зависи од категоријата црвено месо. Меленото месо и преработеното треба да се избегнуваат, а може да се консумира она месо во целина како стек, но не повеќе од 85 грама на ден, или 595 грама неделно. Многу пациенти велат дека јадат месо два или три пати неделно и тоа е претежно стек, но мора да ја земете предвид големината на стекот. Тој главно има околу 500 грама, што е помалку од препорачаниот неделен внес.

Експертите нагласија дека препорачаната количина на внес е еднаква за мажите и за жените.
Иако некои луѓе сметаат дека исфрлањето на црвеното месо од исхраната е ригорозно, бидејќи, како што се вели, човекот јадел месо уште од своето настанување, стручњаците истакнуваат дека тогаш немало преработена храна, хормони, адитиви при одгледувањето на животните или слични штетни материи во месната индустрија, и дека е нормално исхраната да се менува со вековите.

Прочитајте и...  Роберто Кавали по вакцинацијата: Колку повеќе сме вакцинирани, толку сме побезбедни за себе и за оние што не сакаат

Поврзани вести

ФОТО | Седа коса, а таа непрепознатлива: Погледнете каква промена претрпе убавата Белучи за новата улога

Слободен печат

Реченици кои треба да ги избегнувате на интервју за работа

Слободен печат

Адвокатот на Вајнстин тврди: Тој е веќе речиси слеп, му испаѓаат и забите

Слободен печат

Чоколадо, грозје, коски од живина и друга храна која не смее да ја јаде вашето куче

Слободен печат

Поради неа луѓето се самоубивале: Ова е најтажната песна во Југославија која Тито лично ја забранил

Слободен печат

Ковчегот во кој ќе биде погребан принцот Филип е направен пред 30 години: Еве зошто тој е обложен со олово

Слободен печат

Остави Коментар