ФОТО | „Ова е очајно, не ви ги давам парите!“: Фонтаната Треви се претвори во неуреден базен, туристите во Рим се разочарани

Фонтаната Треви / Фото: Profimedia

Легендата вели: „Ако фрлите паричка во Фонтаната Треви, сигурно ќе се вратите во Рим“. Фрлањето парички во фонтаната е задолжителен дел од повеќето туристички посети на Рим, а тоа го потврдуваат и бројките. Според некои извори, во фонтаната секој ден се фрлаат околу 3.000 евра или повеќе од милион евра годишно.

Но, туристите кои деновиве го посетуваат Рим се прилично разочарани. Наместо раскошната фонтана од 18. век, паричката треба да ја фрлите во импровизираниот базен кој бил поставен додека фонтаната се реновира, пишува „Путни кофер“.

Фото: Cecilia Fabianocecilia / LaPresse / Profimedia

Импровизираниот базен изгледа неуредно

На познатата фонтана ѝ се врши обемно реновирање пред големиот верски јубилеј во 2025 година.

Додека фонтаната е празна, на туристите им е дозволено да фрлаат парички во привремениот правоаголен базен. Новиот импровизиран базен, со едноставна конструкција со пластични елементи, делува неуредно и неукрасено, што за некои посетители е во контраст со убавината на барокното ремек-дело.

Ова секојдневно предизвикува поплаки и незадоволство кај туристите, кои, судејќи по фотографиите, сепак си ставаат парички за да не им се одземе градскиот буџет.

Реновирањето на фонтаната е дел од поширокиот проект за обнова на Рим, кој е зафатен со подготовките за католичкиот јубилеј следната година, настан кој се одржува на секои 25 години. Овој верски настан, кој ќе започне на Бадник 2024 година и ќе трае до почетокот на 2026 година, ќе привлече во Рим околу 35 милиони аџии кои ќе бараат прошка и духовна обнова.

Фото: Valentina Stefanelli / Zuma Press / Profimedia

Фонтаната Треви е најпознатата фонтана во светот

Фонтаната Треви е, веројатно, најпознатата фонтана во светот и една од најважните знаменитости на главниот град на Италија.

Историчарите веруваат дека нејзиното име доаѓа од латинскиот збор „trivium“, што значи три улици. Буквалниот превод на името би бил „фонтана на три улици“, што има смисла бидејќи навистина стои на местото каде што се спојуваат три различни патишта.

Во Рим има повеќе од 2.000 фонтани, но оваа е најголемата и најраскошната. Таа е дело на италијанскиот скулптор и архитект Никола Салви. Висока е 26,3 метри и широка 49,15 метри, а вниманието го привлекува со својата неверојатна убавина и барокните украси и споменици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот