Ова е новиот затвор за Катица Јанева (ФОТО)

Фото „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото „Слободен печат“/Драган Митрески

Стан во сопственост на Лазар Јанев во вториот влез од зградата со број 43 во посредна близина на Клубот на пратениците е новиот „затвор“ за Катица Јанева.

Фото: Д. Митрески

Таа во овој стан е сместена од вчера попладне. Таму беше донесена директно од истражниот затвор „Скопје“ каде мина 94 дена. Јанева е второобвинета во случајот „Рекет“. Истрагата за предметот е завршена, а веќе е поднесен и обвинителен акт.

Апелациониот суд вчера и ја прифати гаранцијата на Јанева (три стана, пасош и лична карта), па и дозволи вчера после три месеци да излезе од затворски притвор и да оди во домашен, кој ќе го мине во станот на нејзиниот син Лазар Јанев.

Фото: Д. Митрески

Репортерската екипа на „Слободен печат“ денеска во разговор со новите соседи на Јанева дозна дека таа барем засега не се појавила ниту на терасата од станот да ја фати воздух. Постои голема желба кај станарите на зградата со број 43 да ја видат Јанева, бидејќи синоќа таа од полициското комбе беше изнесена со темно сина јакна и покриена со капа од облеката. Главата и беше наведната и не и се гледаше ликот кој и беше добро маскиран.

По социјалните мрежи после ваквата слика се раширија шпекулации дека од затвор не била ослободена Јанева, туку некој друга личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот