Ова е нивни турнир, Севиља брка нова титула во Лига Европа (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва во првиот полуфинален натпревар од фудбалската Лига Европа на стадионот во Келн екипата на Севиља со 2:1 го елиминираше Манчестер јунајтед.

Во деветтата минута „црвените ѓаволи“ дојдоа први во водство од пенал кој го реализираше португалскиот интернационалец Фернандеш.

Израмнувањето дојде во 26 минута, Регилон правовремено го пронајде Сусо во казнетиот простор кој ја искористи невнимателноста на противничката одбрана и ја испрати топката во мрежата на Де Геа.

Конечниот епилог беше поставен во 78 минута, повторно не внимаваа најдобро дефанзивците на Јунајтед, дозволија топката од Навас да дојде до нозете на де Јонг кој од непосредна близина донесе голема радост на своите играчи.

На тој начин Манчестер јунајтед останува на едно финале во ова натпреварување во 2017 година, а Севиља која е рекордер во истото со пет трофеи (2006 и 2007 под името Куп на УЕФА, 2014, 2015 и 2016 година како Лига Европа), нема пораз во ниту еден финален меч.

Шпанската екипа на истиот стадион „Рејн Енерги“ во Келн на 21 август ќе го пречека победникот од втората полуфинална пресметка која е закажана за в понеделник (17 август, 21.00 часот) помеѓу Интер и Шахтјор Доњецк кои ќе играат на теренот во Дизелдорф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот