Д-р Марковиќ ја сподели на својот Фејсбук профил.
Објавата на специјалистот за гинекологија и акушерство, Небојша Марковиќ, кој работи во Клиничкиот центар во Србија, привлече големо внимание на најголемиот христијански празник – Велигден, кончено во фокусот е добра вест.
Д-р Марковиќ сподели фотографија од акушерка која држи во рака три бебиња, родени скоро во исто време во Вишеград, токму на Велигден.
– На Велигден сум се родил(а) … три пораѓања во исто време- напиша докторот на својот Фејсбук профил, а јавноста ентузијастички им честиташе на среќните мајки, како и на докторот.
Секогаш ни требаат добри вести, затоа што тие носат надеж и сведочат дека без оглед на се животот секогаш оди напред и ни дава причина за радост.