Ова е најстарата љубовна песна на светот, ја напишала една свештеница за сумерскиот крал Шу Син

Се смета дека една млада свештеница вљубена во сумерскиот крал Шу Син ја напишала првата љубовна песна.

Љубовните зборови кои се пренесувале со генерации се напишани во 8-от век пред нашата ера на сумерска глинена плоча, доволно мала за да ја ставите на дланка. Таа е откриена во 1880 година во Нипур, регија која припаѓа на територијата на денешен Ирак и оттогаш се чува во музејот во Истанбул.

Историчарите тврдат дека овие зборови ги рецитирала младата свештеница вљубена во сумерскиот крал Шу Син, четврти владател на династијата Ур, кој владеел меѓу 2037. и 2029. година пред нашата ера.

Преводот на оваа песна гласи:

„Младоженецу драг на моето срце,

голема е убавината твоја, слатка како мед,

Ти, лаве, кој си драг на моето срце,

голема е убавината твоја, слатка како мед.

Ме освои, направи пред тебе да треперам,

Младоженецу кој ќе ме однесеш во постелата своја,

Ме освои, направи пред тебе да треперам,

Ти, лаве, кој ќе ме однесеш во постелата своја.

Младоженецу, дозволи ми да те милувам,

моите драгоцени милувки се послатски од мед,

Во постелата твоја, исполнета со мед,

Дозволи ми да уживам во твојата голема убавина,

Лаве, дозволи ми да те милувам,

моите драгоцени милувки се послатски од мед.

Младоженецу од мене доби задоволство,

Ако ѝ кажеш на мајка ми, ќе те послужи со слатки

Ако му кажеш на татко ми, ќе ти донесе дарови.

Твојот дух-знам како да го развеселам,

Младоженецу, преспиј во нашата куќа до зори.

Ти затоа што ме сакаш,

Дај ми молитва за твоите милувања,

Мој врховен богу, заштитнику мој,

Мој Шу Сине, кој го чуваш срцето на Енлила,

Дај ми молитва за твоите милувања.“

По старото сумерско верување, кралот имал света должност секоја година да ожени по една свештеница за земјата и жените да бидат плодни. Ритуалот на светиот брак подразбирал соединување на две боженства, обично на божицата Иштар и богот Тамуза. Така, свештеницата ја симболизирала Иштар, божицата на плодноста и сексуалната љубов, а кралот го претставувал Тамуза.

Затоа, оваа песна е позната и како Химна на љубота на Иштар и Тамуза.

Хилмиј Циг, еминентна турска историчарка која некогаш работела во истанбулскиот музеј, истакнува дека сумерското доживување на љубовта е фасцинантно зашто потполно ги исклучува сексуалните табуа и се темели на верувањето дека само љубовта и страста можат на луѓето да им донесат плодност, слава и задоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот