Ова е најлудото запросување кое некогаш сте го виделе: До солзи ќе ве насмејат зборовите со кои ја запросил! (ВИДЕО)

Ештон (29) и Британи (27) се пар од Велика Британија, а во врска се две години.

Тие се доказ дека најлудите работи се случуваат тогаш кога најмалку ги планирате. Ештон одлучил на својата девојка да ѝ го постави судбоносното прашање и планирал тоа да биде апсолутно романтично, на местото каде што се бакнале за прв пат. Иако не одело сè како што сакал, на крај се испоставило дека тоа е многу пооригинално од што планирал.

Со оглед на тоа што и двајцата се љубители на екстремни спортови, на првиот состанок се возеле со квад. На денот кога планирал да ја запроси, ја однесол на истото место, но временските услови му го уништиле неговиот план.

Поради количината на дожд што цело време паѓала, целиот пат бил каллив, па нивниот квад заглавил во калта. Иако условите не му оделе во прилог, тој го извадил прстенот и ја запросил со следниве зборови: „Со оглед на тоа што си заглавена, нема да можеш да побегнеш од одговорот.

Дали сакаш да останеш заглавена со мене до крајот на животот? Биди моја жена.“
Следела насмевка и позитивен одговор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот