Ова е најлошата Барселона во последните 30 години, голем дел од вината е кај Меси

epa08834892 Barcelona's defender Gerard Pique (C) receives medical treatment after suffering an injury during the Spanish LaLiga soccer match between Atletico de Madrid and FC Barcelona at Wanda Metropolitano stadium in Madrid, Spain, 21 November 2020. EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Барселона едвај го преживеа бурниот летен период кога најголемата ѕвезда Лионел Меси побара да си замине и влезе во војна со управата на клубот. На крајот Меси излезе како победник, Хосеп Марија Бартомеу си поднесе оставка од претседателската функција, но проблемите останаа и тие веќе се отсликуваат на теренот.

Барселона вчера загуби со 1:0 во дербито со Атлетико Мадрид и го претрпе третиот пораз во осмиот натпревар во Ла Лига. Каталонците се наоѓаат дури на 10. место на табелата со само 11. бода и тоа е најлошиот старт на Барселона во последните 20 години.

Последен пат Барселона во првите осум кола во Ла Лига, 12 бода имаше во 2002 и 2003 година, а 11 бодови последен пат имаа во сезоната 1991/92.

Интересно е што медиумите во Шпанија, и тоа мадридските „Марка“ и „АС“ сметаат дека главен проблем на Барселона е Лионел Меси. Аргентинецот на вчерашниот натпревар загуби дури 23 топки и за време на целиот натпревар изгледаше немоќно и тоа се одрази на играта на целата екипа.

Роналд Куман и Лионел Меси/EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Меси во цела 2020 година не постигнал ниту еден одлучувачки гол, а со заминувањето на претседателот Бартомеу, директорот Абидал и тренерот Кике Сетиен, ги снема причините да биде несреќен.

„АС“ смета дека Меси е вон форма, дека годинава не е лидер, а според анализата на говорот на телото изгледа како едвај чека да си замине од „Камп Ноу“. Весникот оди дотаму што смета дека е подобро во зимскиот преоден рок да биде продаден и да им се даде шанса на младите, потсетувајќи дека Барселона се откажа од Роналдињо токму за Меси да добие шанса да игра.

– Загрижен сум како и секој тренер во ваква ситуација. Имаме многу повредени поради напорниот распоред на натпревари. Знаеме дека мораме да ги подобриме резултатите и мора да им веруваме на играчите. Мора да се поодобриме и во одбраната и во нападот – вели Куман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот