Ова е најкористената работа во вашата кујна која е идеална за развој на бактерии: Погледнете како на природен начин да ја исчистите!

Луѓето се повеќе се свртуваат кон природата, вклучително и природните средства за чистење кои не содржат многу хемикалии. Затоа, не е ни чудо што има безброј совети и трикови на интернет што го прават ваквото чистење уште поефикасно.

Списокот на работи што ги користите секој ден во вашиот дом, секако вклучува мијалник. Останато јадење, маснотии, пијалоци како кафе … Сето тоа влегува во мијалникот и ако не го исчистите веднаш, големи се шансите да мириса многу непријатно. Покрај тоа, во некои случаи, мијалникот е идеално место за развој на бактерии кои можат да станат закана за вашето здравје.

Но, една мајка откри на ТикТок дека не ви требаат агресивни средства за чистење. Потребни ви се само состојките што веќе ги имате во кујната – сода бикарбона, оцет и лимон. Ова е комбинација што се користи и за чистење на многу други површини, и овој пат ќе ви помогне да се врати сјајот на стариот мијалник.

За почеток, посипете сода бикарбона на мијалникот и лесно истријте ја со влажна крпа. Истурете малку оцет и избришете повторно. Потоа исплакнете сè со топла вода, и на крај истријте половина лимон во мијалникот за дополнително да го исчистите и дезинфицирате, но и да го вратите стариот сјај.

Погледнете го видеото како се прави:

@mama_mila_

So shiny I struggled to crop out my reflection in this video ✨ #cleaninghack #homehack #cleaningtips #didyouknow #learnontiktok #cleanwithme

♬ Outside – Calvin Harris

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот