Ова е најголемата американска амбасада во Западен Балкан, погледнете каде се наоѓа

На денот на незавиноста на САД, се промовираше најголемата американска амабасада во Западен Балкан.

Оваа амбасада се наоѓа во Приштина, а нејзината изградба е направена во површина од 5 хектари во населбата „Арберија“.

Земјиште и е дадено на Амбасадата и ќе може да го користи 99 години, пренесува Телеграфи.

Во оваа прилика, амбасадорот Филип Коснет беше домаќин на приемот кој се одржа синоќа во чест на Денот на независноста на САД.

Меѓу локалните косовски политичари, за време на инаугурацијата беше присутен и американскиот конгресмен Елиот Енгел, јавува истиот медиум.

Конгресменот во неговиот говор уште еднаш ја изрази љубовта што ја гаи кон Косово.

– Прекрасно е да се биде дел од пријателството со Косоварите. Луѓето од Косово работеле многу. Го сакам Косово, денеска е ден што стана реалност. Благодарност до САД што сте со Косоварите од 1999 година – рече Енгел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот