Ова е најдобрата песна за изминатата година: Дали ви се допаѓа? (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Станува збор за песната „Someone you love“, која на Јутјуб веќе има 90 милиони прегледи, а 23-годишниот пејач вчера ја изведе во живо пред многубројната публика на доделувањето на „Брит“ наградите.

На синоќашното доделување на британските музички награди, титулата за најдобра песна му припадна на младиот уметник Луис Капалди, кој исто така беше прогласен за најдобар уметник во подем.

Станува збор за песната „Someone you love“, која на Јутјуб веќе има 90 милиони прегледи, а 23-годишниот пејач вчера ја изведе во живо пред многубројната публика на доделувањето на „Брит“ наградите.

Ви благодарам многу. Се гледаме подоцна – рече младиот пејач, видно возбуден од наградата која ја доби, а на сцената се појави со шише пиво во рака.

На „Брит“ наградите за најдобар машки изведувач е прогласен Стормзи, за најдобар женски Мејбел, додека наградата за најдобра група и припадна на „Foals“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот