Ова е најбогатиот Хрват!

фото: Epa/ANTONIO BAT

Најбогатиот човек во Хрватска е Мате Римац, откако во неговата компанија влегоа Хјундаи и Киа.

Според информациите за сопственичката структура која ја објави самиот Римац, „Римац автомобили“ вреди 4,3 милијарди куни (околу 580 милиони евра).

Порад тоа што уделот на Римац е нешто помалку од 50 проценти, што е износ од околу 2 милијарди куни (околу 270 милиони евра), што го става на врвот на најбогатите луѓе во Хрватска, пренесува Index.hr.

Порталот потсетува дека Хјундаи и Киа неодамна одлучиле да вложат 80 милиони евра во „Римац автомобили“.

Римац тогаш објасни дека, по таа одлука, тој поседува 47,7 посто од „Римац автомобили“, кинеската „Камел груп“ има 14 проценти, Хјундаи 11 отсто, Порше 10 посто, Киа 2,7 проценти, а останатите се мали вложувачи од 2012 и 2013 година.

Aко за 13,7 oтсто сопственост се платени 80 милиони евра, со едноставна математичка операција се доаѓа до тоа дека „Римац автомобили“ на пазарот вреди 584 милиони евра или повеќе од 4,3 милијарди куни.

„Римац автомобили“ во 2009 ја основаше Мате Римац, кога имал 21 година, со проектот на конверзија на стар автомобили на електричен погон.

Тој автомобил во 2011 година постави пет Гинсови светски рекорди.

„Римац автомобили“ денес развива и произведува клучни системи за електропогон за многу светски автомобилски компании, споменува „Index.hr“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот