Ова е лудило! Погледнете колку заработи филмот „Џокер“ досега! (ФОТО)

Принтскрин/Јутјуб

Џокер стана најпрофитабилниот филм на сите времиња, а досега има заработено повеќе од 950 милиони долари.

Артур Флек кој го глуми Хоакин Феникс стана Џокер, противникот на Бетмен и еден од најпознатите негативци од стриповите.

 

View this post on Instagram

 

Get tickets now at link in bio. #JokerMovie now playing.

A post shared by Joker Movie (@jokermovie) on

Филмските познавачи велат дека филмот ќе биде номиниран за Оскар следната година.

Филмот досега заработи 15 пати повеќе од тоа што е вложено во неговото снимање, пишува Форбс. Режисерот Тод Филипс филмот го режираше со буџет од 62,5 милиони долари.

„Одмазници: Крај на играта“ е филмот кој досега глобално има најголема заработка и таа изнесува 2,8 милијарди долари, но со буџет од 356 милиони долари

– Мислам дека „Џокер“ претставува интелектуална филмска верзија на темниот стрип, која доловува мноштво актуелните социјални теми и тоа на луѓето им е интересно – рекла филмската новинарка Хелен О’Хара.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот