Ова е Lexus на иднината (ФОТО+ВИДЕО)

„Lexus“ ја претстави својата визија за електричното возило на иднината, претворена во концептот „LF-30 Electrified“ кој во основа е дизајнот за 2030 година.

Јапонскиот премиум бренд на саемот во Токио претстави концептно возило на иднината кое ги почитува сегашните трендови во електрификацијата и автономното возење, но го задржува и концептот на задоволство при возењето. Првиот електричен „Lexus“ пристигнува следниот месец, а потоа електрификацијата ќе помине низ целиот спектар на возила.

Кај овој концепт, најголем ентузијазам привлекоа дизајнерите кои решија драстично да го променат класичниот концепт на автомобил, визуелно, а и исто така во однос на употребливоста. Заштитиот знак на „Lexus“, т.н. „вретено“ е присутно во контурите на возилото, додека во него се крие најнапредната технологија.

На пример, непроѕирноста на страничните прозорци може слободно да се прилагодува, а бојата на предната површина на возилото и обрасците на светлината откриваат однадвор дали возилото е во нормален или автономен режим.

Иновативниот ентериер носи придобивки од автономната технологија за возење, редизајнирано возачко место и другите додатоци. Поудобниот и прилагодливиот ентериер е тешко да се замисли, при што „Lexus“ ги воведува традиционалните јапонски материјали.

Концептот од пет метри тежи само 1.750 кг, а со батериите од 110 kWh има опсег од 500 км. Тој до 100 км на час забрзува за 3,8 секунди, додека максималната брзина е 200 км на час и е компатибилен со полначи за напојување од 150 kW. Максималната моќност на погонот е 400 kW, а вртежниот момент е 700 Nm.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот