Ова е катастрофа: За него сезоната е готова, а Европско нека заборави!

twitter.com/allfootballapp

Никлас Зуле поради скинати лигаменти на десното колено до крајот на сезоната ќе биде надвор од терените, што е многу лоша вест за тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач.

Но, исто така лоша информација за германскиот селектор кој барем според првите најави ќе го пропушти и Европското првенство 2020 година.

– Ова е права катастрофа! Како стојат нештата, сезоната е готова, а може да заборави и на Европско првенство – рече потпретседателот на Баерн, Ули Хонес пред гостувањето во Лигата на шампионите во Грција.

Во Бундеслигата после осум кола баварскиот гигант е на третото место со 15 бодови, еден помалку зад водечкото дуо Борусија Меннехнгладбах и Волфсбург.

Германците сеуште го немаат обезбедено пласманот на ЕП, во квалификациската група „Ц“ по 15 бодови имаат Холандија и Германија, 12 има Северна Ирска, сите три селекции имаат уште по два меча до крајот на квалификацискиот циклус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот