ОВА Е ГАЗДА: Абрамович поради коронавирусот загуби 2.5 милијарди евра, но не ги намалува платите на никого

EPA/KERIM OKTEN

За разлика од сопствениците на некои англиски премиерлигаши кои ги намалуваат платите на фудбалерите и отпуштаат работници, Роман Абрамович одлучи да ги задржи сите вработени и на нив и на фудбалерите на Челси да не им крати од платите.

Рускиот милијардер откако започна кризата предизвикана од коронавирусот не престанува да ја воодушевува англиската јавност.

Абрамович, уште кога започна да се зголемува бројот на заболени во Англија, го отстапи клупскиот хотел на Челси на здравствените работници кои притоа добиваат и бесплатни оброци. Абрамович исто така дели бесплатни оброци и во лондонските болници.

Медиумите денеска открија дека Абрамович не барал од фудбалерите да се согласат со намалување на платите, туку им ветил и на нив и на сите вработени во Челси дека ќе ја добиваат платата во целост и никој нема да биде отпуштен од работа.

Исто така Челси отвори и интернет курсеви со кои им помага на малолетните деца, а клубот донира значителна сума на пари за Здружението за заштита на жените од насилство. Според податоците, во 2019 година во Велика Британија дури 1.6 милиони жени биле жртви на семејно насилство.

Примерот на својот сопственик одлучија да го следат и фудбалерите кои постојано донираат финансиски средства и редовно помагаат во хуманитарните организации за време на пандемијата на коронавирусот.

Сиве овие работи Абрамович ги прави во моменти кога поради кризата предизвикана од коронавирусот загуби дури 2.5 милијарди евра. Неговото богатство се проценува на речиси 10 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот