Ова е единствената фризура која ѝ прилега апсолутно на секоја жена

Кога станува збор за типот на фризурата, а не за должината на косата, една фризура ги победила сите други. Стручњаците тврдат дека таа е единствената која им прилега на сите жени.

Станува збор за „залижаната“ коса.

Текстурата на косата е виновна за тоа дали некоја фризура ќе ви стои или не, но кај залижаната коса го нема тој проблем. Препаратите лесно ќе ја скротат и ќе ѝ ја дадат потребната форма без оглед дали имате густа или ретка коса.

Кај оваа фризура е добро што може да се прилагоди на различни прилики, па може да изгледа фенси и луксузно, но и урбано и опуштено.

Можете да си ја направите и сами, а ќе ви биде потребно само добар восок и лак за коса.

Косата наместете ја на страната на која сакате и ставете ѝ восок за коса. Потоа земете тенки шноли и поставете ги така што ќе го држат делот од косата кој сакате да биде залижан.

Не заборавајте го последниот чекор – напрскајте ја косата со лак, тоа ќе ѝ даде дополнителна цврстина и долготрјност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот