Ова е човекот со кого Северина била во љубовна врска во 90-те: Зринко бил постар 17 години од неа! (ФОТО)

Пејачката Северина Којиќ (48) е во брак со Игор Којиќ од септември 2015 година, а поради своето бурно минато, со години наназад интересот на јавноста за нејзиниот приватен живот е огромен.

Северина / Фото: Инстаграм @severina

Северина на музичката сцена се појавила уште во деведесетите години. На Сплитскиот фестивал дебитираше во 1990 година со песната „Води ме на плес“ и од тогаш нејзината кариера тргна во подем.

Меѓутоа, регионалната популарност ја стекна поради експлицитната снимка направена на јахта со тогашниот партнер Милан Лучиќ.

Северина и Милан Поповиќ / Фото: Драгана Кадиќ

Иако на јавноста нејзина најпозната врска беше онаа со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ со кого го има и синот Александар, потоа и бракот со Игор Којиќ, за време на нејзината кариера имаше уште неколку неуспешни љубовни врски.

Северина и Игор Којиќ / Фото: Инстаграм @severina

Оној што најмногу и помогнал на почетокот од кариерата е Зринко Тутиќ (65). Тогаш јавна тајна било дека пејачката била во љубовна врска со него, меѓутоа ниту едниот, ниту другиот ја признале нивната љубов која траела пет години.

Северина и Зринко (средина) Фото: Принтскрин / haber435

„Откако Северина го раскина договорот со нејзината продуцентска куќа, таа дојде во Кроатиа рекордс и пиејќи кафе ми рече: А зошто ние не соработуваме? И’ го реков тоа што го сметав како пресудно за да продолжи да работи на естрадата – дека треба да расчисти со својот стил на млада девојка, односно дека треба да негува женствен стил, да стане жена. Мојот одговор совршено го сфати. Таа е талентирана пејачка и со својата енергија, изглед и настап ги освојува луѓето“, изјавил своевремено Тутиќ за хрватски Национал.

Северина и Зринко во 1992 / Фото: Принтскрин / Jutarnji.hr

Инаку Зринко Тутиќ е познат музичар, особено по тоа што на многу сегашни балкански ѕвезди им помогнал да ја развијат кариерата.

Зринко Тутиќ / Фото: Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот