Ова е човекот кој ја силуваше Деми Мур: По злосторството ја прашал: „Какво е чуството кога мајка ти ќе те продаде за 500 долари?“ (ФОТО)

деми мур
Фото Профимедиа

Актерката Деми Мур (52) пред неколку недели го шокираше светот со признанието во нејзината книга „Inside out“, дека на 15 години е силувана и дека човекот кој го сторил тоа на нејзината мајка и дал пари за „услугата“.

Инаку човекот кој ја силувал бил нивни куќен пријател, а станува збор за Базилу Думас, познат каок Вал Думас, богаташ со грчко потекло, кој во тоа време бил сопственик на еден од најпопуларните ресторани – „Кафез на лудилото“.

Тој починал во 1997 година во 68 година од својот живот, пренесува „Метео“, а мајка и Вирџинија умрела во 1988 година.

(Фото: Good Morning America)

Думас од Деми бил постар 33 години, а во времето кога го сторил делото бил женет и имал деца.

Година дена откако била силувана, Деми ја напуштила мајка и, се преселила во Холивуд и стана планетарна ѕвезда. Таа во својата автобиографија напишала:

– Тоа беше силување и поразувачки кога човекот ме праша: „Какво е тоа чуство кога родената мајка те продава за 500 долари“.

Ова е човекот кој ја силуваше Деми Мур…

(Фото: Good Morning America)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот